
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари средба со првиот човек на Турската фудбалска федерација, Етем Хаџиосманоглу, на која се разговарало за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете организации.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од ФФМ средбата ја оценуваат како пријателска и конструктивна, а Омерагиќ истакна дека постои заедничка желба за унапредување на односите и поголемо зближување меѓу двете федерации во иднина.

Воедно, првиот човек на македонскиот фудбал ѝ посака многу среќа на турската репрезентација во пресрет на Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
“Одлична средба со мојот пријател, претседателот на Турската фудбалска федерација, Ибрахим Етем Хаџиосманоглу и неговиот најблизок тим.
Разменивме идеи за унапредување на соработката меѓу двете федерации и разговаравме за проекти што можат дополнително да не зближат.
Благодарност за искреното гостопримство и пријателскиот пречек. На Турција и посакувам многу успеси во периодот што следи”.
