
Играчот на Аталанта, Едерсон, е во финални преговори за премин во Манчестер Јунајтед, и наскоро се очекува официјалната потврда за трансферот во Англија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бразилецот треба да стави потпис на четиригодишен договор со „црвените ѓаволи“, оставајќи можност за продлжување на уште една година.
Англискиот клуб се согласи да ѝ исплати на Аталанта 35 милиони фунти, дополнети со одредени клаузули и бонуси.
Според британските медиуми, Едерсон наскоро ќе стигне во Манчестер за медицинските прегледи, по што ќе биде претставен како првото летно засилување на овој реномиран премиерлигаш.
Едерсон е дел од Аталанта од 2022 година, а претходно беше дел од Салернитана, Форталеза, Коринтијанс, Крузеиро и Депортиво Бразил.
Во бразилската репрезентација досега има три настапи, но не се најде на списокот на селекторот Карло Анчелоти за претстојното Светско првенство.