Дома Фудбал Останато Видео: Им досудија непостоечки пенал во последна минута за шампионска титула, а потоа…

Видео: Им досудија непостоечки пенал во последна минута за шампионска титула, а потоа…

Неверојатни сцени беа видени во последното коло од грузиското првенство во кое Динамо Тбилиси и Торпедо одлучуваа за шампионската титула.

Домаќинот Динамо влезе во натпреварот со два бода предност па реми му беше доволен за шампионска титула, меѓутоа тоа не се случи иако имаа голема судиска помош.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Торпедо ги шокираше домаќините во 74-та минута со голот на Капанадзе, што во тој момент значеше дека Динамо останува без титула. Меѓутоа, во 3-та минута од судиското продолжение арбитарот досуди непостоечки пенал, откако Ковталјук симулираше во казнетиот простор.

Уште по интересно беше што околу него немаше противнички играч, па јасно беше дека се работи за симулација. Гостинските играчи жестоко протестираа, но залудно.

Меѓутоа, правдата беше задоволена бидејќи голманот на Торпедо му го одбрани ударот на Кетишвили, со што натпреварот и официјално беше завршен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Tрансферот е речиси завршен, Џеко ќе потпише за друг клуб од Италија!

Сигналите се многу веројатни дека репрезентативецот на БиХ, Един Џеко, ќе ја напушти Фиоре…