Дома Фудбал Играчот на Ливерпул го задржаа да не се тепа со Слот на натпреварот од Лигата на шампионите!

Играчот на Ливерпул го задржаа да не се тепа со Слот на натпреварот од Лигата на шампионите!

Арне Слот беше сменет од позицијата тренер на Ливерпул, но како што пишуваат англиски медиуми, тоа никого во клубот не изненади.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, Холанѓанецот целосно ја загуби соблекувалната и имаше многу проблеми во комуникацијата со играчите.

Пренесуваат дека најлошо беше за време на натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите во Истанбул против Галатасарај, кога приибраното реагирање на останатите во тимот спречи тепачка на Куртис Џонс со Арне Слот.

Сѐ започна со незадоволството на Англичанецот што не влезе во игра.

Започна со вербална расправија со Слот, а потоа и со неговите помошници додека во еден момент не дојде до тоа да го држат Џонс за да не прерасне во општа тепачка.

Велат дека ова не беше единствениот инцидент во текот на сезоната и дека имало повеќе вербални препукувања со играчите што доведе и до загуба на авторитетот.

Холанѓанецот помина две години во Ливерпул и ја освои Премиер лигата минатата сезона.

Куртис Џонс исто така е на излезната врата на клубот и е близу до преселба во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Разоткривање: се подготвува трансфер на Осимен уште сега

Се чини дека Виктор Осимен се обидува да го напушти Галатасарај поради друг клуб. Ова го о…