Дома Фудбал Анчелоти: Бразил нема ѕвезда, им недостасуваат играчи како Роналдо

Анчелоти: Бразил нема ѕвезда, им недостасуваат играчи како Роналдо

Новиот селектор на Бразил, Карло Анчелоти, јасно порача дека денешниот тим нема суперѕвезда која сама може да ја носи репрезентацијата.

Пред пријателскиот натпревар против Панама на познатиот Маракана, Анчелоти отворено зборуваше за притисокот што ја следи бразилската репрезентација.

„Искусните играчи треба да преземат поголема одговорност, додека младите треба да се заштитат од прекумерен притисок. Сите имаме одговорност и сите го чувствуваме притисокот. Затоа мораме да го поделиме. Не може сè да зависи од еден човек”, рече Анчелоти.

„Понекогаш многу се зборува дека Бразил нема голема ѕвезда. Можеби тоа е вистина. Немаме Пеле, Ромарио ни Роналдо, но можеме да имаме поделена одговорност.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед пронашол засилувања во Реал: Работата ќе биде завршена

Манчестер Јунајтед на самиот крај на преодниот рок планира да ги засили своите редови. Очи…