Дома Фудбал Што има освоено ПСЖ откако се „ослободија“ од Килијан Мбапе?

Што има освоено ПСЖ откако се „ослободија“ од Килијан Мбапе?

Парижаните продолжија да доминираат по заминувањето на својата најголема ѕвезда, додека Мбапе во Мадрид освои само два помали трофеи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кога Килијан Мбапе минатото лето го напушти Пари Сен-Жермен и го оствари долго посакуваниот трансфер во Реал Мадрид, многумина веруваа дека парискиот клуб ќе влезе во период на транзиција и резултатски пад.

Многумина очекуваа дека Мбапе ќе ги предводи „Кралевите“ до нови трофеи и многубројни пехари, но се случи токму спротивното.

ПСЖ вчеравечер со победа над Арсенал во финалето на Лигата на шампионите стигна до втората последователна титула европски шампион, потврдувајќи дека по заминувањето на најголемата ѕвезда, стана уште посилен и поорганизиран тим.

Во исто време, трофејната колекција на Мбапе во Реал Мадрид остана значително скромна.

Французинот од доаѓањето на „Сантијаго Бернабеу“ освои УЕФА Суперкуп и Интерконтинентален куп, што за повеќето фудбалери би претставувало одличен почеток на авантурата во новиот клуб.

Сепак, во споредба со успесите на ПСЖ во истиот период, разликата е повеќе од очигледна.

Особено е интересно што токму освојувањето на Лигата на шампионите беше главната причина поради која Мбапе со години сонуваше за премин во Реал Мадрид.

Додека тој ја бараше европската круна во Шпанија, неговиот поранешен клуб ја освои два пати последователно без него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eден од најомилените фудбалери во светот на своето последно Светско првенство не доби ниту минута

Легендарниот француски репрезентативец и голем борец, кој секогаш го даваше своето најдобр…