Дома Топ вести Рамос и Иско спречиле сериозен инцидент во соблекувалната – Ѕвездата на Реал се му кажала во лице на Зидан

Рамос и Иско спречиле сериозен инцидент во соблекувалната – Ѕвездата на Реал се му кажала во лице на Зидан

Реал Мадрид никако да ја пронаде својата претпознатлива форма. Многумина веруваа дека по победата над АПОЕЛ следи убедлива победа и над Малага која не игра добро оваа сезона.

Сепак, „Кралевите“ на својот „Сантијаго Бернабеу“ едвај ја совладаа Малага со 3:2 во рамките на 13 коло од Примера. Одлучи Кристиано Роналдо, кој прво го промаши пеналот, а потоа од одбиената топка постигна гол. Тоа за Португалецот е втор гол во лигата оваа сезона. Покрај сите проблеми, шпанските медуми денеска откриваат дека амотсферата во тимот е далеку од идеална.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Имено, „Don Balon“ тврди дека во соблекувалната на Реал дошло до жесток судир помеѓ тренерот Зинедин Зидан и Дани Себалос. Како што тврди споменатиот извор, младиот шпански репрезентативец е незадоволен поради малата минутажа во дресот на Реал. Потсетуваме, поранешниот играч на Бетис минатото лето го сакаше и Барселона, но тој на крајот го одбрал Реал. Но, изгледа дека веќе зажалил поради тоа.

Сосема е јасно дека францускиот стратег на клупата на мадридскиот тим и не му верува на Себалос, за кој многумина сметаат дека е еден од најголемите таленти во Европа. Истиот извор тврди дека поранешниот играч на Бетис по натпреварот со Малага се свртил кон Зидан и се му кажал во лице.

Наводно, поголем конфликт сречиле капитенот Серхио Рамос и Иско кои го извадиле бесниот Себалос од соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…