
Францускиот дефанзивец Ибрахима Конате ќе го напушти Ливерпул по пет години поминати на Енфилд, пренесоа денес британските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Овој 27-годишен стопер беше во преговори со клубот за продолжување на договорот, но двете страни не можаа да се договорат, пишува денес Скај спорт.
Конате беше поврзуван со многу клубови низ Европа од почетокот на сезоната, но сѐ уште не одлучил за следниот потег. Како што пренесува угледниот Екип, за Конате најсериозно е заинтересиран Челси бидејќи Чави Алонсо го сака во тимот. Шпанецот се обидуваше да го донесе и во Реал Мадрид минатото лето.
Францускиот интернационалец од неговото доаѓање од Лајпциг одигра 183 натпревара за Ливерпул, освојувајќи една титула во Премиер лигата, еден ФА куп и два Лига купа.