
Во сабота вечер Арсенал ќе се обиде да го детронизира Пари Сен Жермен и за прв пат во историјата да ја освои европската титула.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Менаџерот Микел Артета увери дека тој и неговите фудбалери се спокојни и се подготвени за пресметката. Пред една година, Арсенал стигна до полуфиналето, каде што загуби токму од парижаните, кои потоа ја освоија купот. Еве што изјави тренерот на прес-конференцијата на тимот.
Какво е чувството пред финалето?
Противникот го брани трофејот, тие се шампионите. Го заслужија тоа право минатата сезона. Но, ние сме тука за да им го одземеме. Подготовката за финалето беше одлична и многу позитивна. Тука сме затоа што го заслуживме правото да бидеме тука. Утре треба да заслужиме право да го освоиме трофејот.
Што се смени во споредба со минатата година?
Кога ги гледав повторно натпреварите (од минатата сезона во ШЛ – бел.ред.), бев многу задоволен од тоа што го видов. Бев многу уверен колку блиску бевме или каква несреќа имавме да не стигнеме до оној финал. Тимот се разви во одредени аспекти.
Дали сте подготвени со составот?
Сè уште има време да размислиме. Не се толку многу варијантите на кои мислиме. Со оглед на контекстот на натпреварот и на тоа што може да се случи, треба да бидеме подготвени. Иначе сите сакаат да играат. Се огледувам и гледам радоста, желбата, која сите ја имаат да бидат на теренот. Ова е најголемиот натпревар во фудбалот и секој сака да биде дел од него. Тимбер е подготвен. Доволно подготвен ли е да започне? Да. Мадуеке? Да, и тој е подготвен. Единствениот проблем е Бен [White].
Какви се амбициите по триумфот во Англија?
Амбицијата е поголема. Ја освоивме првата титула и сега ја сакаме втората. Тоа треба да биде скокалница за постигнување уште поголеми цели. Тимот е способен. Сакам играчите да бидат толку уверени, што ќе веруваат дека можеме да го направиме тоа.