Дома Фудбал Најдобриот стрелец во историјата на Луксембург потпиша за Вардар

Најдобриот стрелец во историјата на Луксембург потпиша за Вардар

Вардар попладнево и официјално го промовираше новото засилување за нападот, Жерсон Родригез, фудбалер кој низ кариерата често беше во центарот на вниманието и поради случувања надвор од теренот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за 31-годишен офанзивец роден во Португалија, кој настапува за репрезентацијата на Луксембург. Во националниот дрес има 72 настапи и постигнато 23 гола, со што e најдобар стрелец во историјата на луксембуршката селекција.

Иако поседува неспорен квалитет, Родригез во минатото знаеше да влезе и во контроверзии поради својот карактер и темперамент, па останува да се види како ќе се вклопи во редовите на „црвено-црните“ во претстојната сезона.

Родригез потпиша едногодишен договор со можност соработката да биде продолжена и на дополнителна сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков хит: Атлетико брутално одговори на Барселона за Алварез!

Ако мислевте дека трансфер сагите современиот фудбал станале предвидливи и здодевни, офици…