Дома Останати Тенис Ѓоковиќ дозна кога го игра следниот меч на Ролан Гарос

Ѓоковиќ дозна кога го игра следниот меч на Ролан Гарос

Ролан Гарос го објави распоредот за мечевите во петок, кога повторно ќе игра Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер кој во претходното коло настапи нешто порано, сега ќе игра во попладневниот термин.

Ѓоковиќ против Бразилецот Жоао Фонсека ќе настапи како трет натпревар за денот на централниот терен Филип Шатрије.

Тоа соочување нема да започне пред 15:30 часот по наше време.

Програмата на “Шатрије” ќе ја отворат Полјаките Магна Линет и Ига Швјонтек во 12 часот, по што на теренот излегуваат Русинката Мира Андреева и Чешката Мари Бузкова.

Во вечерниот термин (20:15) на централната сцена ќе играат домашниот фаворит Квентан Халис и вториот носител Александар Зверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Позната тенисерка ги зголеми градите, па отвори профил на сајт за возрасни (Фото)

Француската тенисерка Осеан Додин неодамна привлече големо внимание од јавноста откако отв…