Дома Фудбал Фелипе Луис најде нов ангажман, првпат ќе биде тренер во Европа

Фелипе Луис најде нов ангажман, првпат ќе биде тренер во Европа

Монако имаа тешка сезона зад себе. Едвај обезбедија место за настап во европските купови, што доведе до сигнал за промени. Бразилецот Филипе Луис ќе биде новиот шеф на стручниот штаб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По две последователни учества во Лигата на шампионите, „кнежевите“ во следната сезона ќе се натпреваруваат во Конференциската лига. Ова никако не ги задоволува амбициите на големиот прволигаш од Франција.

Така што, смената на тренерот беше природен чекор. Наскоро, Филипе Луис ќе биде предводникот на тимот.

Филипе Луис има богата играчка кариера зад себе. Играше за Ајакс, Депортиво, Атлетико Мадрид, Челси, а заврши како фудбалер на Фламенго, каде што ја започна и својата тренерска приказна.

Во само две години на кормилото на црвено-црните од Рио де Жанеиро, постигна неверојатни успеси. Кулминација беше во 2025 година, кога го освоија Копа Либертадорес. Истата година, беше прогласен за најдобар тренер на Јужна Америка, и очигледно е подготвен да ја продолжи тренерската кариера во Европа.

Луис ќе биде вториот бразилски тренер во историјата на Монако. Пред него, од 2007 до 2009 година, тимот го водеше Рикардо Гомес, кој не постигна значајни успеси, завршувајќи на 12. и 11. место во првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот на БиХ го најави натпреварот со Македонија: Ќе играме против квалитетна репрезентација!

Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, најави дека неговата репрезентација со…