Дома Останати Тенис Драма на прес-конференција: Французин го обвини Ѓоковиќ дека глуми!

Драма на прес-конференција: Французин го обвини Ѓоковиќ дека глуми!

Валентан Роје не можеше да ја скрие фрустрацијата по поразот од Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос, па во обраќање до медиумите го исмеја српскиот ас!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот по скоро четири часа борба и пораз од најголемиот на сите времиња изјави дека Новак “постојано ги користи истите трикови” за да ги извади противниците од ритам.

Ѓоковиќ по голема борба славеше со резултат 6:3, 6:2, 6:7, 6:3 и го закажа дуелот со Жоао Фонсека, но многу повеќе внимание од самата игра предизвика изјавата на младиот Французин по мечот.

“Го видов како се протегнува, се жали на болки и се обидува да види како противникот ќе реагира. Но, тоа е Новак, тој тоа го прави постојано. Не наседнав на тоа и останав фокусиран. Иако се жалеше на болки во грбот, трчаше толку брзо, освојуваше некои неверојатни поени. Бев премногу импресиониран во првите три гема на мечот, потоа си реков дека и тој е играч како и сите други и дека треба да играм,” рече Роје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз доби зелено светло за враќање: Еве каде ќе настапи!

Еден од најдобрите тенисери во светот, Карлос Алкараз, конечно ги реши проблемите со повре…