Дома Фудбал Артета е менаџер на сезоната во Премиер лигата

Артета е менаџер на сезоната во Премиер лигата

Шпанскиот тренер на Арсенал, Микел Артета, беше прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата за сезоната 2025/26. Тој го заслужи ова признание во конкуренција со Пеп Гвардиола, Андони Ираола, Кит Ендрус, Режис ле Бри и Мајкл Карик.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Под водство на Артета “топчиите” триумфираа со титулата во Англија. Тие освоија 85 поени во 38-те кола на шампионатот, претекнувајќи го Манчестер Сити со цели 7 поени разлика. Ова е прва титула за Арсенал по 22 години.

Артета го презеде лондонскиот тим во декември 2019 г. Оттогаш, покрај шампионската титула, тој го предводеше Арсенал до освојување на ФА Купот и двапати “Карабао Купот”.

Во сабота, учениците на Артета ќе се соочат со Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се одржи на стадионот „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете како Хааланд му се потсмеа на Руни и го потсети на даденото ветување (Видео)

Ерликнг Халанд пред четвртфиналето на Светското првенство против Англија испрати шеговита …