Дома Фудбал Италија Каква глупост на Де Роси против Џенова, Милан и Торино без погодоци (Видео)

Каква глупост на Де Роси против Џенова, Милан и Торино без погодоци (Видео)

Капитенот на Рома, Даниел Де Роси е исклучен од мечот против Џенова поради удар кон противничкиот играч, Џанлука Лападула.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имаше Рома водство од 0:1, но потоа Де Роси направи глупост на годината. Без никаква потреба го удри противничкиот играч,па арбитарот по прегледаната снимка реши да му покаже црвен картон на капитенот на Рома и да покаже на удар од белата точка.

Лападула успеа оттаму да изедначи на конечни 1:1.

Наполи ја продолжи победничката серија, па со минимални 0:1 славеше на гостувањето кај Удинезе. Стрелец на единствениот погодок за „Нероаѕурите“ беше Жоржињо кој го промаши пеналот, па среќно по одбиената топка сепак беше прецизен.

На последниот меч од 15 часот, Милан и Торино одиграа без погодоци, иако многумина љубители на фудбалот очекуваа нешто подобра игра и од обата состави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн Минхен договори ѕвезда на Мароко за 55 милиони евра (Фото)

Германскиот гигант Баерн Минхен го договори трансферот на мароканскиот репрезентативец Исм…