Дома Фудбал ФИФА под притисок: Им се закануваат со тужба пред СП

ФИФА под притисок: Им се закануваат со тужба пред СП

Непрофитната организација „Institute for Voices of Liberty“ закани се со тужба поради наводната забрана за внесување на пред-револуционерното иранско знаме на стадионите за време на турнирот што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пишува „Атлетик“, организацијата преку својот адвокат испрати официјално писмо до ФИФА, во кое бара повлекување на таквата одлука, а во случај на изостанок на одговор најавува и покренување на судски спорови.

Според наводите на угледниот американски медиум, ФИФА планира да забрани знаме со мотив лав и сонце, односно знамето што го користеше Иран пред Исламската револуција во 1979 година.

Тоа знаме е многу слично на денешното официјално знаме на Иран, но наместо сегашниот исламски симбол во средината има симбол на лав и сонце. По револуцијата во 1979 година, Иран го промени знамето и го отстрани тој симбол.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблем за Англичаните: Даклан Рајс завршил во изолација!

Англиската репрезентација се соочува со голем предизвик пред четвртфиналниот натпревар на …