Дома Фудбал Италија Богат европски клуб го бара Малдини за директор

Богат европски клуб го бара Малдини за директор

Паоло Малдини нема ангажман откако ја напушти позицијата технички директор на Милан.

Легендата на „росонерите“ беше еден од клучните луѓе што ја донесоа титулата во Милан, единствената во последните 16 години.

Малдини се споменуваше како некој треба да биде во новото свикување на Италијанската фудбалска асоцијација, но сега доби понуда да стане спортски директор на Фенербахче.

Супербогатиот турски клуб инвестираше огромни суми пари во играчкиот кадар во последните години, а сега им треба некој да го артикулира тоа за да добијат резултати во согласност со инвестициите.

Турскиот клуб одржува избори за претседател, а програмата на Хакан Сафи, кој треба да победи на тие избори, е Малдини да се приклучи на клубот. За таа цел, тие вечерва имаа и состанок во Истанбул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вакво нешто не сте слушнале досега: Португалец го одби Њукасл поради неверојатна причина

Њукасл разговараше со сите сили да го добие Жоао Палинја, португалскиот играч за врска. Пр…