
Португалецот Бернардо Силва го напушта Манчестер Сити по девет години. Португалскиот играч за врска е извонредно барана личност на пазарот, а се поврзува најчесто со Реал, Барселона и Јувентус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Го посакуваше и турскиот Галатасарај во своите редови. Преговорите се одржаа во претходниот период, но не дојде до договор. Условите што ги побара 31-годишникот беа премногу високи и за турскиот гигант.
Деталите навистина се неверојатни. Како да сакаше Бернардо навистина да го одбие турскиот шампион, бидејќи постави услови кои, реално гледано и без разлика на квалитетот, никаде нема да ги добие.
Според информациите кои доаѓаат од Турција, Бернардо од Галата побарал тригодишен договор вреден неверојатни 55 милиони евра. Раководството на Галата по тоа не продолжило со преговорите и кратко порачаа: “Немаме ние толку пари”.
На платниот список турскиот шампион има неколку огромни договори. Годишно за плати издвојува 116 милиони евра.