
Сезоната во елитниот европски фудбал се привршува и во моментов се познати имињата на 23 клуба кои сигурно ќе учествуваат во главната рунда на Лигата на шампионите за новата сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
И во новата сезона на Лигата на шампионите ќе се игра лигашка фаза со 36 тимови кои ќе бидат сите на една табела, исто како и во претходните.
Од тие 36 клуба, веќе се познати 23 учесници, додека преостанатите ќе бидат именувани кога ќе завршат сезоните во своите државни шампионати, како и преку квалификациите во текот на летото.
Англија и Шпанија имаат по пет учесници во Лигата на шампионите наредната сезона, со тоа што Англичаните можат да имаат шест ако Астон Вила во последното коло падне на петто место. Тоа ќе донесе Англија да и шестопласираниот, веројатно Борнмут, се избори за Лигата на шампионите.
Овие се засега сигурни учесници на Лигата на шампионите: Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Астон Вила (Англија), Баерн, Борусија Дортмунд, РБ Лајпциг и Штутгарт (Германија), Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Вилјареал и Бетис (Шпанија), Интер и Наполи (Италија), ПСЖ, Ланс и Лил (Франција), Порто (Португалија), ПСВ Ајндховен и Фејенорд (Холандија), Галатасарај (Турција) и Шахтар Доњецк (Украина).