
Шпанскиот бизнисмен Енрике Рикелме најави дека планира да се кандидира за претседател на фудбалскиот клуб Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На 37 години, Рикелме има време до сабота да одлучи дали формално ќе поднесе кандидатура. Доколку тоа го стори, ќе стане првиот противкандидат на долгогодишниот претседател на Реал, Флорентино Перез.
Перез извести на 12 мај дека членовите на клубот ќе избираат нов претседател. Тој веќе потврди дека има намера повторно да се кандидира. За да биде некој кандидат, мора да биде член на клубот најмалку 20 години. Кандидатите треба да обезбедат гаранција од 187 милиони евра, што претставува 15 проценти од годишниот буџет на клубот, поддржано со личен имот. Доколку има повеќе од еден кандидат, изборната комисија ќе организира гласање.
Рикелме е претседател на водопривредната и енергетската компанија “Cox”. Според агенцијата “AFP”, веќе испратил писмо до изборната комисија изразувајќи желба да се кандидира. Писмото беше објавено во неколку локални весници. Седумдесетгодишниот Перез првпат е избран во 2000 година, и успешно раководеше со тимот за време на Галактикос периодот, поднесувајќи оставка во 2006 година.
Се врати по три години, кога беше единствениот кандидат, а во 2013, 2017, 2021 и 2025 година, беше реизбран без конкуренција. Откако се врати, кралскиот клуб освои пет титули во лигата и шест трофеи во Лигата на Шампионите. Сепак, оваа сезона, Реал заврши без трофеј, првпат од сезоната 2020/2021.