
Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот поради лоши резултати, но и односот со играчите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како можен наследник претходно се споменуваше некогашниот играч на овој клуб Чаби Алонсо, но тој во меѓувреме ја презеде екипата на големиот ривал Челси.
Во такви околности, името кое стана главен кандидат за нов тренер на Црвените е Андони Ираола, наведува весникот „AS“.
Ираола веќе го најави разделувањето со Борнмут по многу успешна заедничка сезона, во која директно го реши прашањето на шампионот зачувувајќи бод против Манчестер Сити во предпоследното коло. Борнмут сè уште има шанса за пласман во Лигата на шампиони, но тоа нема да ја промени дефинитивната одлука на шпанскиот стручњак.
Ираола се споменуваше во овој контекст и кога Енфилд го напушти Јирген Клоп, а конкуренцијата на Ливерпул за негово ангажирање сега е Кристал Палас.