Дома Фудбал Позната најголемата желба на Мурињо

Позната најголемата желба на Мурињо

Една од најголемите желби на Жозе Мурињо по враќањето во Реал Мадрид е ангажманот на Душан Влаховиќ, наведува шпанскиот “Ел Чирингито”.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што се наведува, иако сè уште не е официјално промовиран како нов-стар тренер на Сантијаго Бернабеу, Мурињо работи на составувањето на тимот за следната сезона, а Србинот е на врвот на неговите желби.

Португалецот сака да ја зајакне конкуренцијата во нападот на Килијан Мбапе и младиот Ендрик, а идеално решение би можел да биде токму Влаховиќ.

Причината е фактот дека за еден месец му истекува договорот со Јувентус, а иако изгледаше дека ќе дојде до продолжување на соработката во еден дел од сезоната, сега тоа изгледа се понеизвесно, особено поради тоа што неодамна беше и финансиски казнет од клубот. Српскиот репрезентативец пропушти значителен дел од сезоната поради повреди.

Влаховиќ би требало да го пополни местото на Гонзало Гарсија, кој сепак не успеа да се избори за значителна улога во тимот и најверојатно ќе замине во Борусија Дортмунд.

Втора опција на Мурињо за засилување во нападот е Виктор Осимен, но тој би бил многу поскап бидејќи би требало да се плати отштета, доколку воопшто би бил можен таков трансфер по одличната сезона во Галатасарај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…