
Повикот на Нејмар во бразилската репрезентација не е толку сјаен како што на прв поглед изгледа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бразилскиот фудбалски тим активно се подготвува за претстојното Светско првенство кое треба да почне на 11 јуни во САД, Канада и Мексико, но фокусот на тамошната јавност не е на тактиката, туку на невидениот скандал кој го потресе селекцијата. Враќањето на Нејмар (34) на листата на Селесао по долг период предизвика поделби и сомнежи дека станува збор за чиста маркетиншка игра!
Иако Нејмар е најдобриот стрелец во историјата на Бразил (79 голови во 128 натпревари), тој не настапил за репрезентацијата од 2023 година. Селекторот Карло Анчелоти, кој ја презеде екипата минатата година, на почетокот воопшто не го имаше напаѓачот на Сантос во своите планови.
Но, во фудбалските кругови во Бразил одекна веста дека локалната федерација (CBF) извршила силен притисок врз италијанскиот стручњак во последен момент. Причината? Моќни спонзорски и комерцијални интереси кои инсистираа една од најголемите ѕвезди во светот да биде дел од турнирот, без оглед на неговата спортска подготовка.
Нејмар изминатиот период го помина во Ал-Хилал, кој беше неуспешна и исполнета со повреди епизода, а сега настапува за Сантос во татковината. За да биде ситуацијата уште полоша, моментално има и помала повреда на листот (едем). Но, водителот на лекарскиот тим на Сантос, Родриго Зогаиб, го уверува јавноста:
“Според нашиот план, неговиот прогрес ќе му овозможи да биде подготвен следната недела, кога ќе се приклучи на националната репрезентација.”
И покрај тоа, јавноста е оправдано лута и се прашува дали играч кој е надвор од сериозната репрезентативна сцена веќе неколку години може да придонесе нешто на теренот во потрага по единствениот трофеј кој му недостасува.