
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, го најави својот нов тренерски тим, пречекувајќи го познатиот српски тенисер Виктор Троицки.
Ѓоковиќ ja сподели веста на своите социјални мрежи, објавувајќи фотографија со Троицки, и му посака добредојде во тимот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
“Добредојден, мој пријателе, соиграч и сега тренере”, напиша Ѓоковиќ на своите канали за социјални медиуми.
Тенисерите Ѓоковиќ и Троицки имаат долга историја на заеднички настапи на ATP турнирите и заеднички се борат за Србија во Купот Дејвис, каде што заедно работеа и како тренер и играч, бидејќи Троицки беше селектор на националната репрезентација.
Сега, на АТП турнирите ќе ја продолжат соработката во нова улога, каде што Троицки ќе го преземе тренерскиот тим на Ѓоковиќ, а својот деби успех ќе го бара на Ролан Гарос, вториот Гренд Слем турнир на сезоната.
Во Париз, Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои својата 25-та Гренд Слем титула во кариерата. Моментално се во тек квалификациите за турнирот, а главното жребување започнува во понеделник.
Троицки ќе го замени Борис Бошњаковиќ на позицијата главен тренер на Ѓоковиќ, која ја обавуваше од почетокот на 2025 година.