Дома Фудбал Два клуба од Премиер лигата тргнаа по Елмас, еден игра и Лига на шампиони!

Два клуба од Премиер лигата тргнаа по Елмас, еден игра и Лига на шампиони!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по сè изгледа нема да ја продолжи кариерата во Наполи. По завршувањето на позајмицата, тој ќе се врати во РБ Лајпциг, но според најавите не се очекува долго да остане во германскиот состав.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека интерес за македонскиот играч покажале Сандерленд и Астон Вила. Како посериозна можност во моментов се издвојува клубот од Бирмингем, кој следната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите, а воедно е и во трка за европски трофеј.

Од друга страна, Сандерленд ја заврши сезоната во средишниот дел од табелата и засега важи за помалку веројатна дестинација за Елмас.

Македонскиот фудбалер во два наврати го носеше дресот на Наполи и забележа вкупно 232 настапи. Иако прикажа солидни партии под водство на тренерот Антонио Конте, раководството на италијанскиот клуб не успеа да постигне договор со Лајпциг за целосен откуп на неговиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…