Дома Останати Тенис Македонски репрезентативец во Атина се сретна со Ѓоковиќ (Фото)

Македонски репрезентативец во Атина се сретна со Ѓоковиќ (Фото)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти-Џеј Шортс слободното време од обврските со Панатинаикос го искористи за посета на тениските терени, каде што имаше можност да се сретне со еден од најдобрите тенисери на сите времиња – Новак Ѓоковиќ.

Српскиот ас по неочекуваната елиминација на Мастерсот во Рим моментално тренира во Атина и ги темпира формата и подготовките за претстојниот Ролан Гарос. На тренинзите во грчката престолнина негов спаринг-партнер е домашниот тенисер Рафаел Пагонис.

Грен слем турнирот во Париз стартува в недела, а ждрепката за натпреварувањето е предвидена за четврток, по што Ѓоковиќ ќе се упати кон француската престолнина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ чека разврска во Шангај: еден меч може многу да му го одреди патот кон Торино

Новак Ѓоковиќ од понеделник ќе биде 11-ти во трката за Завршниот мастерс, а исходот од фин…