
Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му избегнува на клубот веќе 22 години. Ова се случи откако во 37-то коло „топџиите“ победија со 1:0 против Барнли, кој веќе испадна од елитата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Единствениот гол го постигна Каи Хаверц (37′) на најтипичен начин за тимот на Микел Артета – по центаршут од корнер. Удари на домашните во два наврати ја погодија и пречката. Така, „топџиите“ повторно се оддалечија на пет поени пред Манчестер Сити и веќе утре можат официјално да станат шампиони на Англија, ако „граѓаните“ не успеат да победат како гости против тимот на Борнмут, кој се бори за шестото место.
Во случај тоа да не се случи, Арсенал ќе има можност да го освои трофејот во последното коло, кога гостува кај Астон Вила, која ќе размислува за претстојниот финал во Лига Европа. Важно е да се напомене дека во моментов Арсенал и Манчестер Сити имаат еднаква гол разлика, но „граѓаните“ имаат предност заради повеќе постигнати голови.