Дома Фудбал Селекторот на Хрватска за Мундијалот не повика напаѓач кој даде 38 гола

Селекторот на Хрватска за Мундијалот не повика напаѓач кој даде 38 гола

Хрватскиот селектор Златко Далиќ денеска го објави списокот на повикани репрезентативци за Светското фудбалско првенство, при што најмногу внимание предизвика одлуката да не го повика Дион Дрена Бељо, најопасниот хрватски голгетер во моментов.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бељо зад себе има извонредна сезона. Играјќи за загрепски Динамо, овој 24-годишен напаѓач постигна неверојатни 38 голови оваа натпреварувачка сезона, а од нив 31 во ХНЛ (Хрватската фудбалска лига).

Иако можеби ова натпреварување не е најсилно, сепак постигнувањето на 38 голови е импресивно и Бељо се најде меѓу напаѓачите кои се борат и за Златната копачка на Европа. Сепак, не доби покана за настап на Светското првенство.

Далиќ не го вклучи во главниот тим за Мундијалот, но го стави на резервниот список. Бељо може да се надева на учество на Светското првенство, само доколку некој од напаѓачите отпадне поради повреда.

Во нападот, Далиќ ќе располага со Иван Перишиќ, Андреј Крамариќ, Анте Будимир, Марко Пашалиќ, Петар Муса и Игор Матановиќ. На списокот не е ни одличниот напаѓач на Бенфика, Франјо Ивановиќ.

Далиќ ја образложи својата одлука со тоа дека конкуренцијата е навистина жестока.

“Најпрво, честитки до Динамо и до Бељо кој беше навистина блиску, но конкуренцијата е јака. Имаме Крамариќ и Будимир кои се неспорни, а тука се и Муса и Матановиќ. Муса игра одлично во МЛС, беше фантастичен во март. Матановиќ игра во Бундеслига, прв стрелец на клубот, игра финале на Европската лига. Бељо го повикав во репрезентација пред три години, имаше своја шанса. Единствената причина што не е на списокот е силната конкуренција”, објасни Далиќ, објави Index.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жиру не мисли на пензија: На 40 години потпишува за нов клуб!

Легендарниот француски напаѓач Оливие Жиру во септември ќе наполни 40 години, но и покрај …