
Легендарниот француски напаѓач Оливие Жиру во септември ќе наполни 40 години, но и покрај возраста, не планира да се повлече од фудбалот. По неговото заминување од Лил, се очекува да ја продолжи кариерата, а неговата нова дестинација би можела да биде Бурсаспор.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Жиру ја заврши својата едногодишна авантура во Лил. И покрај неговите 39 години, тој се покажа одлично во клубот, постигнувајќи 11 голови на 44 натпревари, но сепак, соработката со него не продолжи понатаму.
Жиру од први јули е слободен играч. Може сам да одбере нов клуб, а постои можност кариерата да ја продолжи во Турција. Бурсаспор е заинтересиран за него.
Екипата на Бурсаспор, која беше шампион на Турција во 2010 година, падна во финансиски проблеми во последните години. Заврши во четвртата лига на турскиот фудбал, но сега брзо се враќа во елитата и следната сезона ќе биде дел од втората лига.
Бурсаспор има амбиции веднаш да се пласира во Суперлигата. Раководството на клубот подготвува засилувања, а едно од нив е искусниот француски напаѓач.
Челниците на турскиот клуб веќе одржаа видео разговор со Жиру. Тој ги сподели своите услови и сега клубот размислува дали да ги исполни неговите барања.
Тековната понуда на Бурсаспор не му е доволна. Се претпоставува дека 39-годишниот напаѓач побарал плата од околу два милиони евра, толку колку што заработи во Лил во тековната сезона.