Дома Останати Ракомет Словачка доживеа потоп во Скопје, Македонија ќе игра уште еден Мундијал!

Словачка доживеа потоп во Скопје, Македонија ќе игра уште еден Мундијал!

Maкедонската ракометна репрезентација не дозволи никакво изненадување и со уште поубедлива победа од пред три дена во Прешов и доминантна игра се пласираше на Светското првенство наредната година во Германија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Словачка немаше што да бара денеска во Скопје од почетоткот до крајот на паркетот доминираше една репрезентација, а на крајот славевме победа од 38-23.

Во ниту еден момент Словачка немаше ниту нерешен резултат, Македонија од самиот почеток тргна фуриозно и набрзо поведовме со седум разлика (10-3), разлика со која победивме во првиот меч. На пауза заминавме со водство од пет гола разлика (18-11).

Сликата на теренот не се промени ниту во вториот дел кога за првпат дојдовме до двоцифрена разлика (23-13). Словаците веќе беа откажани, па во продолжение следуваше и уште по некоја одбрана на нашите голмани за на крајот да славиме најубедливо досега во еден бараж. Најефикасен во нашите редови беше Филип Кузмановски со 11 гола, го следеше Велковски со шест, додека Лазаревски додаде пет.

До денес нашата најголема победа во вкупен резулта во еден мундијалски бараж беше против Грција во јуни 2014 година кога вкупно го елиминиравме јужниот сосед со 14 голови разлика (62-48). За Македонија ова вкупно десетто Светско првенство на кое ќе игра, но исто така и осмо во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардарецот Хориха ќе игра во Саудиска Арабија!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха, кој веќе е познат како идно засилување на ПИК Сегед о…