Дома Фудбал Левандовски добива големо богатство од Саудиска Арабија

Левандовски добива големо богатство од Саудиска Арабија

Роберт Левандовски ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната откако двете страни не успеаја да се договорат за нов договор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако Каталонците понудија продолжување на соработката, шпанските медиуми известуваат дека проблемот настанал околу траењето на договорот и улогата што искусниот напаѓач би ја имал во иднината на тимот.

Левандовски бараше двегодишен договор или барем опција за продолжување на дополнителна сезона преку одредени бонуси и цели.

Сепак, Барселона остана цврста на ставот дека може да му понуди само уште една година соработка.

Покрај тоа, му беше јасно ставено до знаење на Полјакот дека повеќе нема да има статус на првиот напаѓач, туку дека наредната сезона би можел да биде само втора или трета опција во нападот.

Според пишувањата на шпанскиот Спорт, Ал Хилал моментално е најсериозниот кандидат за неговиот потпис.

Саудискиот гигант наводно му понудил на Левандовски дури 45 милиони евра годишно, што е далеку повеќе од понудата што ја имал од МЛС.

Порано се споменуваше и интересот на Чикаго Фајр ФК, кој му понудил на Полјакот околу 15 милиони евра по сезона, но понудата од Саудиска Арабија целосно ја промени ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…