
Екипата на Јувентус претрпе тежок пораз со 0:2 од Фиорентина во натпревар од 37-то коло на Серија “А”. Головите за гостите ги постигнаа Шер Ндур (34) и Роландо Мандрагора (83).
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
“Бјанконерите” одиграа исклучително слаб натпревар, и со овој резултат речиси сигурно ќе ја пропуштат Лигата на шампионите следната сезона.
До оваа ситуација дојде и поради уште една ужасна изведба на голманот на торинскиот гигант Микеле Ди Грегорио, кој не успеа да одбрани лесен удар во првиот дел. Статистиката покажува дека Јуве прима гол во 46% од случаите со првиот удар кон неговиот гол. 16 примени голови од 35 удари. Ова е највисокиот процент во првенството.