Дома Фудбал Трансфер бомба: Баерн преговара со Хрват!

Трансфер бомба: Баерн преговара со Хрват!

Баерн го потврди освојувањето на титулата во Бундеслигата со убедлива победа над Келн со резултат 5-1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По натпреварот, познатиот германски фудбалер Лотар Матеус најави и потенцијално големо засилување за Баварците во скоро време.

Станува збор за хрватскиот репрезентативец и стопер на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол.

– Имам еден играч на ум. Всушност, слушнав дека Баерн веќе почнал со разговори, испратил први прашања за него. Го знаете, играше во Бундеслигата, поранешен играч на РБ Лајпциг, моментално игра за Манчестер Сити. Стопер и лев бек. Гвардиол, откри Матеус за германскиот „Скај“, каде работи како стручeн консултант.

Гвардиол веќе има искуство во Германија како член на Лајпциг, а трансферот во Сити следеше токму по претходното Светско првенство во Катар, на кое привлече големо внимание.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…