
Јошко Гвардиол е понуден на Реал Мадрид, пренесува угледниот шпански медиум AS.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Токму тоа предизвика големо изненадување во Валдебебас на почетокот на летниот трансфер период.
Иако во моментов нема конкретни преговори, ниту официјални чекори кон реализација на трансферот, агентите на хрватскиот репрезентативец наводно веќе го истражуваат пазарот и бараат потенцијални опции за иднината, а Реал Мадрид е една од дестинациите која особено го привлекува дефанзивецот на Манчестер Сити.
Кралскиот клуб планира сериозна реконструкција на тимот по турбулентната сезона, а приоритет е зајакнување на одбраната.
Токму поради тоа, името на Гвардиол веќе подолго време фигурира меѓу желбите на мадридскиот гигант.
Реал го следеше Гвардиол уште додека настапуваше за Динамо Загреб, а интересот постоеше и за време на неговиот престој во РБ Лајпциг.
Сепак, Сити во 2023 година плати околу 90 милиони евра и тогаш практично ги затвори вратите за сите други клубови.
Хрватскиот стопер зад себе има комплицирана сезона поради тешка повреда на тибијата. Опериран е во јануари и сè уште не се вратил на теренот, а шпанските медиуми наведуваат дека постои можност да го пропушти и Светското првенство, иако конечната одлука сè уште не е донесена.