Дома Фудбал Силва ја „отпиша“ Бенфика, два клуба се „тркаат“ за неговиот потпис

Силва ја „отпиша“ Бенфика, два клуба се „тркаат“ за неговиот потпис

Сега веќе легендарниот фудбалер на Манчестер Сити, Бернардо Силва, сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи својата кариера, бидејќи знаеме од порано дека ќе се раздели со „граѓаните“ на крајот од оваа сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Португалскиот играч за врска влегува во последната фаза од престојот на Етихад, денес го очекува финалето на ФА Купот против Челзи, а потоа ќе има уште две кола од Премиер лигата и обид да го престигне Арсенал на првото место.

Потоа ќе игра за Португалија на Светското првенство, а тој јасно даде до знаење дека ќе избере нов клуб пред почетокот на шампионатот на светот.

Многумина би сакале да го видат Силва во своите редови…

Најконкретен е Јувентус, кој внимателно ја следи ситуацијата и чека вистинскиот момент да се обиде да го донесе.

Во разговор за португалскиот „Канал 11“, Бернардо Силва за првпат отворено зборуваше за своите планови за иднината и јасно даде до знаење дека емотивното враќање во Бенфика, барем за сега, не е опција.

Би сакал да се вратам во Бенфика, но во некој друг момент, не сега. Не знам дали тогаш ќе ме сакаат. Во секој случај, сакам да одлучам кој ќе биде мојот следен клуб пред Светското првенство. Би сакал да дојдам во Португалија со решена иднина“, рече Бернардо Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фенербахче не штеди средства: Гигантска понуда за Мохамед Салах во обид да ја прекине доминацијата на Галатасарај!

Мохамед Салах (33) ова лето ќе се збогува со Ливерпул по деветгодишен престој, а еден од к…