Дома Останати Кошарка Жестоки критики за Дончиќ: Кога е најмногу потребен, го нема никаде!

Жестоки критики за Дончиќ: Кога е најмногу потребен, го нема никаде!

Сезоната за Лос Анџелес Лејкерс заврши, но американските медиуми сè уште дебатираат за иднината на Лука Дончиќ и Леброн Џејмс. Откако Лејкерс, без повредената словенска суперѕвезда, загубија со 4:0 во втората рунда на плејофот на Западната конференција од актуелните шампиони Оклахома Сити Тандер, се отворени прашања за насоката кон која ќе се движи франшизата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Главната тема во медиумите е судбината на Леброн Џејмс. Легендата, која сега има 41 година, го заврши договорот и пред него се опции за крај на богата кариера, продолжување на договорот со Лејкерс или потрага по нов клуб. Последниве денови, „ЕСПН“ интензивно анализира што треба да преземе главниот менаџер Роб Пелинка во однос на најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата.

Познатата американска медиумска куќа ги разгледува можностите – дали Лејкерс треба да му дадат предност на Дончиќ или на Џејмс? Поранешниот кошаркар и сегашен коментатор, Кендрик Перкинс, излезе со своја теорија на оваа тема.

“Одлуката е многу едноставна. Лејкерс мора да го задоволат Леброн. Во најважниот момент, кога се играат оние 16 натпревари во плејофот, Џејмс е секогаш подготвен и здрав. Не можам да го кажам истото за Лука Дончиќ, бидејќи последните три сезони има проблеми кога ќе дојде плејофот. Или не е доволно подготвен или има некоја повреда,” започна Перкинс.

Перкинс не застана тука, туку продолжи со критиките на адреса на словенечкиот кошаркар, кој инаку е најдобриот стрелец на регуларниот дел од сезоната во НБА со просек од 33.5 поени.

“Лука е извонреден талент, еден од најдобрите напаѓачи кои кошарката ги видела досега, но повеќе не може да се смета на него. Полека влегува во категорија на Џоел Ембид. Кога ти е најмногу потребен, го нема, а и кога е присутен, постојано се бори со повреди и не е ни на 70 проценти од своите можности. Со Леброн нема такви грижи и затоа Лејкерс мораат да му дадат поддршка и да признаат дека им е потребен,” изјави Перкинс.

“Во овој плејоф, ова повторно беше тим на Леброн Џејмс, кој и на 41 година го водеше во битка, додека Лука поради повреда повторно не беше на располагање. Сега сè е прашање на доверба. Може ли да се верува дека Дончиќ ќе биде подготвен кога најмногу е неопходен? Последните три години одговорот е ‘нема шанси’. Од друга страна, знам дека на Џејмс може да се верува и затоа Лејкерс мораат да му дадат поддршка,” заврши тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пелистер прегазен во Скопје, МЗТ ќе игра за нова титула!

МЗТ Скопје со убедлива победа од 87-58 против Пелистер обезбеди пласман во финалето на мак…