Дома Фудбал Нов скандал во Реал. Играчот остро ги негира обвинувањата за изнајмување на ескорт дами.

Нов скандал во Реал. Играчот остро ги негира обвинувањата за изнајмување на ескорт дами.

ЕДЕР МИЛИТАО (28), дефанзивец на Реал, се обрати преку изјава во која остро демантира медиски наводи што оваа недела се појавија во Бразил, и го поврзуваат со изнајмување на ескорт дами. Фудбалерот тврди дека за таквите обвинувања не постојат докази.

Обвинувањата пристигнаа од Бразил

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бразилскиот новинар Лео Диас соопшти дека Милитао и неговиот соиграч Винициус ангажирале ескорт дами од Пирацикaба за да отпатуваат во Мадрид. Советникот на Винициус веќе реагираше на тие тврдења, наведувајќи дека жените патувале во друштво на пријатели на двајцата фудбалери и самите ги подмирувале трошоците за патувањето. Сепак, името на Милитао остана поврзано со приказната.

Целата приказна доби тежина во Бразил по објавата на Вирџинија Фонсека, поранешната партнерка на Винициус, која оваа петок објави на Инстаграм дека ја прекинува нивната врска. “Кога нешто го губи значењето, би ја завршила врската зрело и со љубов, отколку да останам во неа само за обичај”, напиша инфлуенсерката, која ноќта пред тоа од трибините во Бернабеу ја следеше победата на Реал против Овиедо.

Милитао: Сите информации се лажни

Во својата изјава, дефанзивецот на Реал нагласува дека сите информации што му се припишуваат се лажни и без основа. “Сакам да разјаснам дека сите информации што ми се припишуваат се лажни и немаат никаква основа во фактите”, порача тој.

Тој подвлече дека ситуацијата личнo го погодува, особено бидејќи се опоравува од повреда на тетивата на феморалниот мускул, која го спречи да учествува на Светското првенство 2026, додека неговата сопруга Тaина е бремена со нивното прво дете.

“Признавам дека сум исплашен од целата оваа ситуација. Стигна до точка каде практично не излегувам од дома без сопругата поради одекот и размерите што ги попримиле овие неосновани обвинувања”, вели фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите на Вардар ќе поделат премија од 250.000 евра!

Откако и официјално ја обезбеди шампионската титула, ФК Вардар повторно се искачи на врвот…