Дома Фудбал Баерн подготвен да активира летна бомба, играчот кажал ДА, следи потешкиот дел!

Баерн подготвен да активира летна бомба, играчот кажал ДА, следи потешкиот дел!

Баерн од Минхен го одреди максималниот износ кој е подготвен да го издвои за трансферот на англискиот репрезентативец Ентони Гордон од Њукасл јунајтед, пренесуваат германските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Офанзивниот фудбалер на Њукасл е високо на листата на желби на баварскиот клуб за следниот трансферен период, а според информациите од британските медиуми, Баерн веќе постигнал договор со 25-годишниот играч за личните услови на соработката.

За реализација на трансферот останува клубовите да се договорат околу отштетата, бидејќи Гордон со Њукасл има договор до 2030 година.

Англискиот клуб наводно бара околу 86.000.000 евра за трансферот на играчот, додека раководството на Баерн оценило дека таа сума е превисока.

Германските медиуми наведуваат дека клубот од Минхен првично планирал да ги започне преговорите со понуда од 60.000.000 евра, но интерната горна граница била поставена на 70.000.000 евра.

Тоа е сè уште значително помалку од побарувањата на премиерлигашот, па останува неизвесно дали двете страни ќе успеат да најдат заеднички јазик во продолжението на преговорите.

Гордон би го засилил Баерн дополнително во офанзивната линија на тимот. Според медиумските информации, тој е планиран како опција на левата страна од нападот, каде би конкурирал на Луис Дијаз, но може да игра и на централните позиции во средниот ред и нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сипенга ја шокира Англија, Конго води! (Видео)

Репрезентацијата на ДР Конго уште по само седум минути игра успeа да поведе неочекувано пр…