Дома Фудбал Синот на Карло Анчелоти има големи планови: Прво Светско со татко му, па можеби и Милан…

Синот на Карло Анчелоти има големи планови: Прво Светско со татко му, па можеби и Милан…

Одбројувањето до Светското првенство во Мексико, Канада и САД веќе започна. Едно од клучните прашања е што ќе постигне Бразил под водство на Карло Анчелоти, кој како помошник ќе се потпира на неговиот син Давиде.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Давиде Анчелоти, синот на легендарниот Карло Анчелоти, ќе биде дел од стручниот тим на неговиот татко во бразилската репрезентација за време на претстојното Светско првенство. Во интервју за италијанските медиуми, Давиде зборуваше за голем број интересни теми.

Давиде неодамна го заврши својот ангажман како тренер на бразилскиот Ботафого, а сега во подкастот на “Газета дело Спорт” насловен “Триплета” говореше за идвите предизвици со репрезентацијата на светскиот шампионат, но и за личните амбиции во иднина.

Светско првенство со татко ми, а потоа… Се надевам дека ќе преземам клуб кој ме привлекува. Неколку понуди се на маса. Би сакал да донесам одлука пред турнирот во јуни, но ќе видиме. Дали би го тренирал Милан како мојот татко? Секако, и се чувствувам подготвен за тоа.

Давиде се присети на тоа како татко му Карло, додека бил дете, му го мерел времето додека се облекувал во пижами, за да го поттикне неговиот натпреварувачки дух.

Тоа беше трик на голем тренер. На крајот на краиштата, истото функционира и со фудбалерите, кои секогаш се силно мотивирани. Се сеќавам, на пример, дека во Реал Мадрид двајца играчи, чии имиња нема да ги споменувам, играа бадминтон во четири часот наутро по враќањето од гостување, бидејќи така се договорија меѓу себе. Или како моравме да го отстраниме теренот за фудбал-тенис, бидејќи натпреварите стануваа премногу напнати – изјави Давиде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хорор повреда во Хондурас: На Бразилец му висеше зглобот, фудбалерите се држеа за глава (Вознемирувачко видео)

Страшни сцени го одбележаа натпреварот во Хондурас меѓу Оланча и Мотагуа, кога бразилскиот…