Дома Фудбал Перез: Не сакам односи со Барселона која две децении ги плаќа судиите

Перез: Не сакам односи со Барселона која две децении ги плаќа судиите

Тензиите меѓу Реал Мадрид и Барселона повторно се разгореа по завршувањето на сезоната во шпанската Ла Лига, а во центарот на вниманието се најде претседателот на мадридскиот гигант, Флорентино Перез.

По разочарувачката сезона и загубената шампионска титула, Перез упати остри критики кон каталонскиот ривал, повторно отворајќи ја темата за „случајот Негреира“. Од Барселона, пак, најавиле можност за тужба поради изјавите на првиот човек на „кралевите“.

„Мојот однос со Барселона е завршен. Не сакам никаква комуникација со клуб кој две децении плаќал судии. Очекувам правда во случајот Негреира“, изјавил Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија во Љубљана бара гол и поправање на впечатокот!

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска во Љубљана ќе се соочи со Словенија во вт…