
ПСЖ би можел во летниот трансфер период да стане посилен со уште две спектакуларни имиња. Парижаните тргнаа по напаѓачот на Атлетико Мадрид Хулијан Алварез и играчот од средината на Реал Мадрид Федерико Валверде. Трансферите ќе чинат близу 300 милиони евра.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Главната мета е аргентинскиот напаѓач од Атлетико Мадрид Хулијан Алварез. Понудата ќе биде неверојатни 150 милиони евра, што е сума за која се смета дека ќе биде доволна да Го примамат Јорганџиите во Париз.
Аргентинскиот напаѓач беше поврзуван и со Барселона. Меѓутоа, каталонскиот клуб нема толку средства како ПСЖ, кој е подготвен на неговиот впечатлив тим да му додаде уште едно врвно име.
Од Мадрид ова лето на лет за Париз може да биде и играчот од средината на Реал Мадрид Федерико Валверде. Наводно, Уругваецот е избркан од Мадрид и соиграчите не го сакаат во тимот за следната сезона по низа скандали.
Извори блиски до кралскиот клуб велат дека Реал е подготвен да го продаде Валверде. Очаекуваат огромни понуди и се надеваат на заработка од околу 130 милиони евра.