Дома Фудбал Останато Најголемиот пропаднат талент: Се одвоив на 20 минути од алкохолот и жените, тоа беше мојот најлош период во животот

Најголемиот пропаднат талент: Се одвоив на 20 минути од алкохолот и жените, тоа беше мојот најлош период во животот

best

Многумина критичари ќе се сложат кога во прашање е Џорџ Бест, легендарниот фудбалер, еден од најголемите на сите времиња и кој нас не напушти, точно на денешен ден пред 12 години.

Момчето од Северна Ирска, воодушевуваше многумина со потезите и головите, но познат беше и по својот развратен живот надвор теренот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Имам гениј за тебе“, пишувае во телеграмата која скаутот на Манчестер Јунајтед има ја испрати на своите после „случајнот“ излет во Белфаст.

Останатото е историја.

За славниот клуб дебитираше во 1963 година, а во 1968 година ја освои наградата за најдобар фудбалер во Европа.

Токму кога стигна на врвот, почна и да се спушта од истиот. Алкохолот, жените, коцкањето беа слаба точка на чудесниот фудбалер, па на само 25 години престана да игра квалитетен фудбал.

„Во еден период успеав да се одвојам од алкохолот и жените. Тоа беа моите најлоши 20 минути во животот“, оваа изјава веројатно најдобро го опишува неговиот живот.

Иако се почесто се спиеше во болници, отколку по хотели, иако му беше пресаден бубрег, не се предаваше продолжуваше да пие.

И тоа на крајот и го уби.

Почина на 25 ноември 2005 година во Лондон, а на неговиот погреб присуствуваа повеќе од 100.000 посетители.

Светот никогаш нема да го заборави, бројни награди го носат неговото име, направени се статуи ширум планетата, но и аеродромот во Белфаст го носи името на еден од најдобрите кои некогаш стапнале на фудбалскиот терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…