Дома Останати Ракомет Червар и Пелистер се главна тема – се огласи и ЕХФ! (Фото)

Червар и Пелистер се главна тема – се огласи и ЕХФ! (Фото)

Лино Червар се враќа од пензија и повторно седнува на тренерската клупа. Прославениот хрватски стратег прифати нов предизвик и во наредните две сезони ќе го предводи Еурофарм Пелистер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Битолскиот клуб денеска официјално ја потврди соработката со 76-годишниот тренер, а веста предизвика бројни реакции меѓу љубителите на ракометот и на социјалните мрежи. Навивачите на „зелено-белите“ со воодушевување го поздравија доаѓањето на поранешниот македонски селектор, додека реакција пристигна и од Европска ракометна федерација.

„Boss is back“, напишаа од ЕХФ во коментар на објавата на битолскиот клуб на Инстаграм.

Червар во наредниот период се очекува да пристигне во Битола, каде ќе ја започне својата нова мисија – враќање на Пелистер на самиот врв на македонскиот ракомет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Митревски ја има третата најдобра асистенција во Лигата на шампионите (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски се најде меѓу најдобрите асистенти во…