
Флорентино Перес свика нови претседателски избори во Реал Мадрид. Тоа беше акцентот на денешната итна прес-конференција на шефот на кралскиот клуб, која ненадејно беше објавена попладнево.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Многумина претпоставуваа дека Перес може да зборува за проблемите во тимот и дури да го објави името на новиот тренер, бидејќи упорно во последните часови се зборува дека Жозе Мурињо се договорил со клубот за своето враќање на ‘Сантијаго Бернабеу’.
Вистински избори за претседател во Реал нема од 2006 година, бидејќи во 2009, 2013, 2017, 2021 и 2025 година, Флорентино Перес беше единствениот кандидат и немаше конкуренција.
“Благодарам на сите што дојдовте. Жал ми е што треба да ве известам дека не давам оставка. Побарав од изборната комисија да го започне изборниот процес, да свика избори на кои ќе се појавиме токму со овој управен одбор. Ги свикувам овие избори, бидејќи од 2000 година работам за тоа сопствениците на овој клуб да бидат нашите социос. Во Мадрид нема еден сопственик, туку 100.000 членови управуваат.
Го донесов оваа одлука бидејќи ситуацијата стана нелогична во однос на сите кампањи што беа организирани против Реал Мадрид и лично против мене. Да, резултатите не беа најдобри, но во спортот не можеш секогаш да победуваш. Се користи ситуацијата за да ме напаѓаат лично. Прашаат “Каде е Флорентино?”… Јас обично не зборувам. Кажаа дека сум болен, дека имам рак во терминална фаза… Секојдневно продолжувам да го управувам Реал и мојата компанија, која е светски лидер во инфраструктурата и прави промет од 50.000 милиони годишно. Моето здравје е совршено, не знам зошто се појави овој глас“.