
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле (28), повторно е прогласен за најдобар играч во Лига 1, веќе втора година по ред, додека наградата за најдобар тренер ја освои кормиларот на Ленс, Пјер Сај.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Дембеле ја доби оваа престижна награда на церемонијата што се одржа во понеделник навечер. Ова е десетти пат по ред кога наградата ја добива играч од ПСЖ, а пред него беше Килијан Мбапе, кој ја освои наградата пет пати последователно, пред неговиот трансфер во Реал Мадрид.
Имајќи предвид дека Дембеле поради здравствени проблеми излезе на терен многу помалку, изборот предизвика одредени контроверзии. Сезонава започна само девет натпревари во Лига 1 и помина вкупно 960 минути на теренот, што е значително помалку од претходната година кога беше стартер на 20 натпревари со 1.736 минути.
„Иако не добив доволно време за игра, секогаш кога влегував на терен, бев максимално подготвен“, изјави Дембеле, кој постигна 10 голови и забележа шест асистенции.
Предходната сезона успеа да реализира 21 гол и да асистира осум пати.
@UNFP Ousmane Dembélé 👑👑
— De Star (@Destar_Oficial) May 12, 2026
Back-to-back UNFP Ligue 1 Best Player! Elected by his peers for the 2nd straight year.
The dribbling demon keeps cooking 🔥
Congrats @dembouz! #TropheesUNFP pic.twitter.com/TQRmLdEfQR