
Хулијан Алварез е едно од имињата кои би можеле да го привлечат вниманието на летниот трансфер пазар во 2026 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фудбалерот на Атлетико Мадрид често се поврзува со други клубови, а последниот заинтересиран е Пари Сен Жермен.
Парискиот клуб има голема желба да донесе нов напаѓач, а Алварез го гледаат како играч кој би можел значително да го засили тимот, и покрај тоа што веќе имаат млади и талентирани играчи во нападот.
Со оглед на тоа што се шпекулира за можно заминување на Баркола, Алварез би можел да ја преземе неговата позиција. Некои медиуми дури и тврдат дека веќе се одвиваат преговори помеѓу Атлетико Мадрид и ПСЖ.
Сепак, претставниците на Атлетико нема да попуштат и бараат сума од 150.000.000 евра – која не секој клуб може да си ја дозволи во моментот.
Но, ПСЖ има такви финансиски средства и ќе ги има особено ако го продадат Баркола во текот на летото. Во таков случај, Алварез би можел да стане еден од најскапите играчи на сите времиња.
Дали оваа трансакција е реалност или само шпекулација, останува да видиме. ПСЖ располага со таква моќ, особено ако успее да ја освои новата титула во Лигата на шампиони…