Дома Актуелно Мурињо јасен за засилувањето од 40 милиони: Не играше затоа што не беше во форма!

Мурињо јасен за засилувањето од 40 милиони: Не играше затоа што не беше во форма!

Манчестер Јунајтед денес на „Олд Трафорд“ го пречекува Брајтон во рамките од 12 коло во Премиер лигата.

Пред овој натпревар Мурињо најави дека во првиот тим на „црвените ѓаволи“ се враќа Хенрик Микхтаријан кој отпадна од стартните 11.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Новинарите го запрашаа Мурињо зошто не игра, а Португалецот јасно одговори:

„Не сум задоволен од неговите настапи. И притоа не мислам на еден или два натпревари, туку на четири пет. Добро започна, но потоа неговата форма опаѓаше. Неговиот учинок се мери во голови и асистенции, а тоа изостана. Тоа е причината поради која отпадна од првиот тим“, изјави Мурињо.

Сепак, покрај критиките Ерменецот ќе започне од првата минута против Брајтон. Можеби тоа е начинот на кој Мурињо сака да го мотивира засилувањето вредно 42 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Уште се чека „Камп ноу“: Барселона следниот меч ќе го игра на друг стадион

Натпреварот од петтото коло на Ла Лига меѓу Барселона и Хетафе нема да се игра на стадионо…