Дома Фудбал Соблекувалната одлучи: Ѕвездите на Реал побараа продажба на миленикот на навивачите!

Соблекувалната одлучи: Ѕвездите на Реал побараа продажба на миленикот на навивачите!

Вистински потрес се подготвува во соблекувалната на Реал Мадрид! Како што пишуваат некои шпански извори, дел од највлијателните играчи на кралскиот клуб наводно побарале од управата да го разгледаат прашањето за продажба на Федерико Валверде ова лето, еден од најважните фудбалери на тимот во последните сезони.

И покрај тоа што Уругваецот со години важеше за миленик на навивачите поради борбеноста, енергијата и лојалноста кон клубот, се чини дека атмосферата во соблекувалната се променила по турбулентна сезона полна со разочарувања.

Наводно постојат тензии меѓу некои од ѕвездите на тимот, а Валверде се нашол во центарот на приказната која целосно ги шокирала навивачите на Реал.

Особено е интересно што Федерико Валверде досега се сметаше за “недопирлив”, играч кој клубот го гледа како еден од лидерите на идната генерација заедно со помладите ѕвезди на тимот.

Сепак, се почесто се зборува дека огромна понуда од Саудиска Арабија или Англија би можела да биде доволна за да го продаде Перез, особено бидејќи некои од клучните играчи на Реал се за тоа Уругваецот да се “тргне” од Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хасан го однесе Египет во осминафинале на СП, но отказ доби по семеен скандал

Египет го смени селекторот Хосам Хасан по настани што, според федерацијата, го нарушиле уг…