
Кошаркарите на Минесота ги совладаа Сан Антонио Спарс со 114:109 пред своите навивачи и изедначија во полуфиналната серија на Западот на 2:2, а натпреварот беше обележан со исклучувањето на суперѕвездата на гостинскиот тим – Виктор Вембанјама.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Младиот Французин беше исклучен уште во втората четвртина откако жестоко со лакт го удри Наз Рид.
Инцидентот започна кога Вембанјама го фати офанзивниот скок после промашување на шут, но во гужвата под кошот врз него нападна Џејден Мекдениелс, кој грубо го притисна (слични работи правеше и против Никола Јокиќ). Разочараниот Вемби, замавнувајќи со лакот, удри Рид во пределот на вилицата и вратот.