Прво Италијанецот се пожали, а потоа Германецот му порача дека брзо заборава…
Ниту едно англискo дерби не може да помине без размена на зборови. Имено, Челзи и Ливерпул денес со почеток до 18:30 ќе ги одмерат силите, а Конте и Клоп имаат некои нерасчистени сметки.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да потсетиме, Италијанецот побара повеќе респект кон англиските клубови кои настапуваат во Лигата на шампионите и додаде дека Челзи во овој момент има хендикеп бидејќи патуваа во Азербејџан, а Ливерпул против Севиља имаше ден повеќе за одмор.
Поради тоа Конте смета дека „црвените“ се во предност.
„Не е ова оправдување, ние само бараме повеќе да се води грижа за календарот“, изјави Конте.
Набрзо стигна и одговор од Клоп.
„Конте заборава, не зборуваше т ака минатата година за време на Божиќното лудило кога сите моравме да играме натпревари на секои два дена, а тој за тие два дена одигра само три натпревари. И колку што можам да видам распоредот е сличен и оваа година. Не зборувам дека тоа е нормално, но треба да се биде реален, имавме три дена за одмор и тоа е доволно“, јасен беше менаџерот на Ливерпул.